дома Македонија ПРОМЕНА НА ИМИЊАТА НА УЧИЛИШТАТА ВО ДЕБАР: „Братство единство“ се преименува...

ПРОМЕНА НА ИМИЊАТА НА УЧИЛИШТАТА ВО ДЕБАР: „Братство единство“ се преименува во „Пенестија“, а училиштето „Здравко Чочковски“ во „28 Ноември“

Советот на Општина Дебар на денешната редовна седница усвои одлуки за давање согласност за преименување на две училишта во градот.

Одлуките се однесуваат на Основното училиште „Братство единство“, кое се преименува во „Пенестија“, според албанските историчари, старо име на Дебар, и средното општинско училиште „Здравко Чочковски“ во „28 Ноември“, Ден на независноста на Република Албанија и Ден на албанското национално знаме.

Согласноста за преименувањето и измената во статутите на училиштата помина и со запазување на потребниот број гласови според Бадентер. Одлука за промена на имињата на двете училишта, исто така со Бадентер, беше изгласана и во 2012 година од тогашниот совет на Општината.