дома Македонија ПРОТЕСТИ ГО ПРЕЧЕКАА КОЅИЈАС: Нашето име е Македонија – Коѕијас пред МНР...

ПРОТЕСТИ ГО ПРЕЧЕКАА КОЅИЈАС: Нашето име е Македонија – Коѕијас пред МНР дочекан со транспаренти

Средбите на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас започнаа со протести.

Пред МНР, додека трае средбата со македонскиот министер за надворешни Никола Димитров група граѓани се собраа за да го изразат своето незадоволство од преговорите и да порачаат дека се против промена на името.

Пораките од натписите гласат “Македонија на Македонците”, “Стоп за дискриминацијата”, “Стоп за преговорите”, “Стоп за холокаустот врз Македонците” итн.

Протестот е во организација на неколку патриотски здруженија.

Фото
РЕПУБЛИКА