дома Македонија ПРОТЕСТИ ПРЕД СУД: На Фејсбук се шири повик за мирен протест за...

ПРОТЕСТИ ПРЕД СУД: На Фејсбук се шири повик за мирен протест за поддршка на Груевски

Група на Фејсбук, за поддршка на Николка Груевски, со повик до членството на ВМРО-ДПМНЕ, симпатизерите и сите граѓани, кои, како што се наведува, неможат да ја трпат неправдата кон Никола Груевски, в среда да излезат на мирен протест пред Основниот суд Скопје 1.

 

Никола Груевски е осуден на две години затвор во класичен политички монтиран процес, во кој екс-премиерот се товари за примање на нематеријално мито. Имено, судот цени дека фактот што по проценка на МВР државата набавила блиндирано возило за потребите на државата и странските гости, Груевски работел коруптивно затоа што 3-5 пати се возел во возилото.