дома Свет Прekината евakyацијата на авганистански соработници: Талибанците не им дозволуваат на Авганистанците да...

Прekината евakyацијата на авганистански соработници: Талибанците не им дозволуваат на Авганистанците да влезат на аеродромот во Кабул

Талибанците ги блокираа Авганистанците да влезат на аеродромот во Кабул, дозволуваат да влезат само странци, изјави за Спутник неименуван извор во талибанската комисија за културни прашања.
Според него, локалното население предизвикало хаос пред аеродромот, поради што биле затворени сите влезни врати. Тој додаде дека на Авганистанците со странски пасоши нема да им биде дозволен влез до понатамошно известување.
Еден од очевидците за Спутник изјави дека милитантите ги запреле возилата на амбасадата на влезот и не им дозволиле да ги соберат своите авганистански колеги и да ги однесат на аеродромот.
Ситуацијата во Авганистан се влоши во последните недели, откако започна офанзивата на Талибанците врз големите градови. На 15 август Талибанците ја презедоа контролата врз сите гранични премини. Во текот на денот милитантите влегоа во Кабул и ја презедоа контролата врз претседателската палата. Во исто време, авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти земјата за, според неговите зборови, „да спречи крвопролевање“.