дома Хроника ПУКОТНИЦИ ВО ОХРИД: Едно лице тешко повредено

ПУКОТНИЦИ ВО ОХРИД: Едно лице тешко повредено

Едно лице е потешко повредено во пукотница што синоќа некаде пред полноќ се случи во угостителски објект напроти централната пошта во Охрид.

Портпаролот на СВР Стефан Димоски ја потврди информацијата, со појаснување дека инцидентот се случил во 23:45 часот и дека во него учестуввале две лица. Притоа дошло до меѓусебна расправија по што едното лице извадило пиштол и со неколку истрели му нанело тешки повреди на другиот во пределот на нозете.

Повредениот после инцидентот бил префрлен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ каде е хоспитализиран, додека другиот учесник во расправијата побегнал, но по кусо време бил пронајден од полицијата  и приведен.

Повеќе информации СВР Охрид ќе соопшти во текот на денешниот ден.

Неофицијално, лицето кое пукало е познат криминалец, а причината е тоа што од сега ранетиот не добил доволен број на гласачи во Охрид, па револтиран од поразот го застрелал.