дома Русија ПУТИН ГО ШОКИРАШЕ ЗАПАДОТ И АМЕРИКА: Нема да ги протеруваме дипломатите, не...

ПУТИН ГО ШОКИРАШЕ ЗАПАДОТ И АМЕРИКА: Нема да ги протеруваме дипломатите, не сме ние Американци

Претседателот на Русија Владимир Путин ја изненади денес целата западна јавност со изјавата дека неговата земја нема да им возврати на американците со иста мерка да протера 35 дипломати.

Претседателот на САД Барак Обама нареди протерување на 35 руски дипломати и кога се очекуваше ист одговор од најголемата земја во светот Русија, Путин им покажа друго лице на американците..

– Иако  го задржуваме правото за одговор со иста мерка, нема да се спуштиме на ниво на неодговорна кулинарска дипломатија. Ние ќе направиме нови чекори за да ги обновиме руско-американските односи, засновани на основите кои ги усвои администрацијата на новоизбраниот Претседател Доналд Трамп-наведува Владимир Путин во соопштението кое го објави Кремљ.