дома Русија ПУТИН СМЕНИ 16 ГЕНЕРАЛИ

ПУТИН СМЕНИ 16 ГЕНЕРАЛИ

Председателот на Русија  Владимир Путин денес смени од должност 16 генерали од Министерството за вонредни состојби, Министерството за внатрешни работи и Истражниот комитет.

Според указот кој го потпиша рускиот претседател, сите 16 генерали се сменети од својата позиција, а двајца се пензионирале. Причините за реорганизацијата не се соопштени.

Истовременопретседателот именуваше двајца министри за вонредна состојба, а тоа се Владлен Аксјонов и Павел Баришев. Аксјнов предходно ја извршуваше функцијата заменик директор на противпожарното и спасувачкото  одделение во Министерството, а генерал-потполковник Баришев бил член на Академијата за цивилна одбрана на Русија во Новогорск во Московската област.

Путин на местото обвинител на Република Крим го именуваше Олег Камшилов, а за Ленинградската област Борис Марков. Со истиот указ на чело на Истражниот комитет во Русија во Севастопољ е поставен Виктор Танифу.