дома Свет Пpekpшен мировниот договор: Убиeн Палестинец во нов koнфликт во Западен брег

Пpekpшен мировниот договор: Убиeн Палестинец во нов koнфликт во Западен брег

Израелските сили денеска убија Палестинец за време на конфликт на окупираниот Западен брег, јави палестинското Министерство за здравство.

Тензиите во регионот и натаму се високи и покрај примирјето постигнато минатата недела помеѓу Израел и палестинското милитантно движење Хамас во Газа, со кое заврши 11-дневниот воен конфликт.

Неколку стотици Палестинци денеска се собраа во близина на Наблус, на северозападниот брег, да протестираат против новите израелски населби. Британските медиуми наведуваат дека мекои од нив, маскирани, фрлале камења кон војниците и запалиле гуми.

Израелската војска соопшти за насилни немири во кои Палестинци палеа оган и гуми и фрлаа камења кон безбедносните сили, кои одговорија со мерки за контрола на немирите.

-Ние сме свесни за информациите за убиството на Палестинец. Причината за убиството се уште не е позната. Инцидентот се испитува, изјави портпаролката на израелската армија.