дома Македонија Рама ја избриша фотографијата од македонска Лешница

Рама ја избриша фотографијата од македонска Лешница

Албанскиот премиер Еди Рама од својот фејсбук-профил ја острани фотографијата од македонскиот кањон Лешница. Претходно, веројатно верувајќи дека споделува убавини од албанското место Лешница, премиерот го сподели живописниот водопад и напиша „Убава Албанија“.

Ова ги распали страстите кај македонската, но и кај албанската јавност, кои под овој негов пост се расправаа за која Лешница станува збор.

Сепак, авторот на фотографијата Африм Тахирај од Албанија за „Радио МОФ“ потврди дека станува збор за водопадот од македонскиот кањон Лешница на Шар Планина, во близина на село Бозовце, а не од албанското место со исто име.

Тој има роднини во Бозовце, кои го поканиле на планинска прошетка пред една недела. Веднаш по посетата, споделил неколку фотографии на својот „Инстаграм“ со кои го пренесува своето воодушевување од местото.