дома Политика РАСПРАВИИ И ТЕНЗИИ ВО СДС: За место во одборот на директори на...

РАСПРАВИИ И ТЕНЗИИ ВО СДС: За место во одборот на директори на Телеком партиските другари се фатија на нож!

Расправии и тензии во владата на СДС по промената на именуваните претставници во Македонски телеком, поради низата на афери кои ги пратеа членовите на одборот на директори во оваа компанија со мешовит капитал

 

Последна измена во составот на раководството на Македонски телеком е поставувањето на партискиот адвокат Мирослав Вујиќ за неизвршен член на одборот на директори во Македонски телеком. Тој на оваа позицја доаѓа по отповикувањето на Анета Симевска Димовска.

Одлука на Акционерско собрание за месечен надомест за Претседателот на одбор на директори!

Според информациите до кои дојде Инфомакс.мк, Вујиќ како неизвршен член во одборот на директори ќе добива околу 2.000 евра плата, плус бонуси, репрезентација и службени автомобили и телефони.

Познавачите на состојбите во СДС информираат дека на овој начин Заев се обидува да најде место за неговите партиски адвокати, па наместо да ги плаќа од џеб, адвокатите да добиваат редовен месечен надоместок.