дома Балкан РАСТАТ ТЕНЗИИТЕ ВО КОСОВО: Косовската влада го прекина одморот на полицијата поради...

РАСТАТ ТЕНЗИИТЕ ВО КОСОВО: Косовската влада го прекина одморот на полицијата поради зголемените тензии на северот!

Косовската полиција им издаде наредба на своите полицајци итно да ги прекинат годишните одмори.

„Поради оперативни ангажмани се суспендираат одобренијата на полицајците се додека не се донесе поинаква одлука“, се наведува во наредбата на косовската полиција, потпишана од директорот Рашит Чељај.

Порталот Kallxo.com побара дополнително објаснување за ваквата одлука, но не доби конкретен одговор. „Косовската полиција во согласност со оперативното планирање  го презема планирањето на човечките ресурси за ефикасно обавување на службеите должности“, се наведува во одговорот.