дома Спорт РАУЛ ГОНЗАЛЕС ПОВЕЌЕ НЕ Е СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНИЈА: Шпанскиот стратег и РФМ...

РАУЛ ГОНЗАЛЕС ПОВЕЌЕ НЕ Е СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНИЈА: Шпанскиот стратег и РФМ спогодбено го раскинаа договорот и се раздилија

Ракометната Федерација на Македонија, обелодени дека  спогодбено го раскинала договорот со селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез.  По завршувањето на Светското првенство во Германија и Данска, на кој Македонија заврши на 15. позиција, РФМ и Раул имаа разговори и одлучиле дека е потребна промена.

Од РФМ велат дека машката А-селекција има потреба да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата.  Воедно, проблем во соработката претставувала и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор.

-Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката.

Би сакале да му се заблагодариме на “Ел команданте” за досегашното работење со нашиот А-тим и му посакуваме се најдобро, многу успеси и многу титули во иднина. Иако ќе ни недостасува неговата смиреност и тактичност на клупата, продолжуваме секој со своите предизвици кон нови победи, се вели во сопштението на РФМ.

Раул Гонзалез на тренерското столче пристигна на местото на Лино Червар и ја водеше Македонија на две големи натпреварувања, на Европското првенство во 2018 и Светското првенство во 2019 година.