дома Македонија РЕКА ГО ОСТВАРИ СВОЕТО ГЛАСАЧКО ПРАВO: Блерим Река заедно со сопругата...

РЕКА ГО ОСТВАРИ СВОЕТО ГЛАСАЧКО ПРАВO: Блерим Река заедно со сопругата гласаше во Основното училиште „Живко Брајковки“ во Општина Бутел

Кандидатот за претседател Блерим Река заедно со сопругата го оствари своето право на глас во Основното училиште „Живко Брајковки“ во Општина Бутел.


-Со вакво убаво време, мислам дека и расположението на граѓаните е такво. И се надевам дека со оваа ќе докажеме дека сме држава која е спремна да ги почне преговорите за членство во Европската Унија, со што ќе докажеме дека имаме институционален, административен и политички капацитет државата да ни оди кон евро-атланските интеграции, изјави Река.

Река ги повика сите граѓани масовно да излезат за да го искористат нивното уставно и законско право и да гласаат, како што рече, за оној за кој тие мислат дека е најпогоден.