На борбено дежурство на Крим се придружи и дивизја на најнови противавионски ракетни системи С-400 „Триумф“, соопшти шефот на секторот за информациона поддршка на Црноморската флота, капетан Алексеј Руљев
Оваа дивизија е четврта по ред на полуостровот. Разместена е недалеку од Џанкој, на 20 километри од границата со Украина.
Три претходни дивизии се сместни во близина на Севастопољ, Феодосиј и Јевпатори.
Наредбата за стапување на борбено дежурство ја издаде командатот на Четвртата армија на воздухопловни сили генерал-потолковник Виктор Севостјанов. Борбените системи пристигнаа на позиција каде ќе се распоредат системите за лансирање и ќе се започне со следење на мети.
Неодамна на полигонот во Астраханската област успешно е изведено гаѓње со „Триумф“.
Претходно, кримскиот ПВО доби три дивизии С-400.
Колку за потсетување, во неделата три брода на украинската воена морнарица ја наруши Конвенцијата на ОН за морско право и ја премина државната граница на Русија. Бродовите влегле во руски води кои биле привремено затворени и во нив изведувале опасни маневри, игнорирајќи ги барањата на руските власти по што донесена е одлука да се употреби оружје.
Трите брода се запленети, а уапсени се 24 украински војници, меѓу кои и двајца припадници на украинските безбедносни служби.