Бродовите на руската Северна флота го преминаа Гибралтар и влегоа во Средоземното море, соопшти началникот на прес-службата на руската морнарица Вадим Серга
Станува збор за ракетниот крузер „Маршал Устинов“ и големиот противподморнички брод „Североморск“, кои извршуваат далекусежна мисија.
Серга изјави дека за време на преминот низ Атлантикот се изведени повеќе воени вежби, помеѓу останатото и проверка на готовноста на противвоздушната одбрана, како и останати технички средства во случај на евентуален напад.
Истовремено, увежбани се и маневри во случај на напад на подморница.
Единицата на Северната флота ја напушти базата во Североморск на 5.јули и оттогаш помина околу 6.000 наутички милији.