дома Балкан САД ги праќа во Косово Авганистанците ocoмничени за поврзаност со Талибанците

САД ги праќа во Косово Авганистанците ocoмничени за поврзаност со Талибанците

Соединетите држави планираат да испратат најмалку две лица кои беа примени од Авганистан на Косово и Метохија, со цел да ги подложат на дополнителни проверки, бидејќи постои сомневање дека тие се поврзани со Талибанците, пренесува Ен -Би -Си.
Извори за американска телевизија рекоа дека тие лица ќе бидат испратени на дополнителни проверки во Косово и Метохија , но тоа не значи дека тие нужно претставуваат закана.
Истите извори наведуваат дека Соединетите држави дејствуваат како мерка на претпазливост и дека некои информации за овие лица – нивното име, потекло или број на мобилен телефон – предизвикуваат доволно загриженост што не може да им се дозволи да останат во Соединетите држави додека не се извршат дополнителни проверки.
Ен -Би -Си, повикувајќи се на тие извори, тврди дека сите други што беа евакуирани од Авганистан, и кои предизвикаа слична загриженост, исто така, ќе бидат испратени на Косово и Метохија.

Повеќе од 30.000 луѓе се евакуирани од Авганистан во САД, досега околу 10.000 од нив биле на дополнителни проверки, а околу 100 од нив поради можни врски со талибанците или терористичките групи, наведува Ен -Би -Си.
За две лица од тие 100, потребни се дополнителни проверки.
Портпаролот на американското Министерство за правда одби да ги коментира овие информации.