дома Свет САД ГО ЗГОЛЕМИ ПРИТИСОКОТ НАД ВЕНЕЦУЕЛА: Администрацијата на Трамп забрани влез во...

САД ГО ЗГОЛЕМИ ПРИТИСОКОТ НАД ВЕНЕЦУЕЛА: Администрацијата на Трамп забрани влез во САД за поддржувачите на Мадуро!

Администрацијата на Трамп наметнува забрана за патување во САД од страна на членовите на конститутивното собрание контролирано од владата на Венецуела, изјави висок американски официјален претставник во четвртокот.

САД тврдат дека конститутивното собрание, предводено од претседателот Николас Мадуро, е нелегитимно, ветувајќи ја својата поддршка на лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо.

Елиот Абрамс, специјалниот пратеник на Вашингтон за Венецуела, изјави дека времето за дијалог со Мадуро „одамна поминало”, и не останува ништо друго освен да се преговара за неговото заминување, и да се зајакне поддршката за Гаидо, самопрогласениот привремен претседател кој доби признание од САД и неколку други земји.

Вестите за ограничувањето на влез во САД беа донесени откако лидерите на Европа и Латинска Америка во четвртокот повикаа на дијалогот меѓу владата на Венецуела и опозицијата, предупредувајќи на интервенција во земјата.

Русија и Кина продолжуваат да ја поддржуваат владата на Мадуро и ги предупредија САД и другите да не интервенираат.

Мадуро и неговите поддржувачи велат дека САД се обидуваат да спроведат државен удар во Венецуела. Во 2002 година, опозицијата се обиде да го собори тогашниот претседател Хуго Чавез во неуспешен обид за државен удар.

Во меѓувреме, Меѓународната контакт група за Венецуела, од Европската унија, повика на повеќе практичен пристап од оној за кој се залагаат САД и некои други земји од Латинска Америка.

Групата, во соопштението по инаугуративната средба во главниот град на Уругвај Монтевидео, рече дека ќе испрати техничка работна група во Венецуела за да изврши притисок за избори што е можно побрзо, додавајќи дека премногу силната интервенција во земјата би можела да ја влоши кризата.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, рече дека групата формирана на крајот од минатиот месец, се залагаше за мирно и политичко решение, додавајќи дека решението на крајот мора да дојде од народот на Венецуела.

„Ова не е само најпосакуваниот резултат, туку е единствениот резултат ако сакаме да избегнеме повеќе страдања и хаотичен процес”, рече Могерини во Монтевидео заедно со уругвајскиот претседател Табаре Васкез.

„Најголемата дилема со која се соочува Венецуела е меѓу мирот и војната, поради што инсистираме на смиреност од вклучените страни и претпазливост на меѓународната заедница”, рече Васкез.

Портпаролот на групата соопшти дека на почетокот на март повторно ќе се разгледа напредокот.

Земјите членки на ЕУ во групата се Франција, Германија, Италија, Холандија, Португалија, Шпанија, Шведска и Велика Британија. Членови од Латинска Америка се Боливија, Костарика, Еквадор, Мексико и Уругвај.

На власт од 2013 година и реизбран минатата година на гласање, Мадуро се обвинива за економскиот колапс обележан со недостиг од храна илекови и хиперинфлација. Околу три милиони жители на Венецуела ја напуштија земјата-членка на ОПЕК.