дома Македонија САЛИУ РАЗРЕШЕН ОД ДЗС: Џафероски е нов директор, член на Извршниот одбор...

САЛИУ РАЗРЕШЕН ОД ДЗС: Џафероски е нов директор, член на Извршниот одбор на СДСМ

Шабан Салиу утрово добил решение дека повеќе не е директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), а на негово место доаѓа Аднан Џафероски.

Информацијата  ја потврди Салиу, кој вели оти нема да остане во ДЗС туку повторно ќе почне да работи како адвокат или професор на Универзитетот МИТ, каде што бил доцент.

Аднан Џафероски е член на Извршниот одбор на СДСМ од 2013 година. Неговото високо образование е од областа на бизнисот, политичките науки и меѓународните односи.