Одлуката се очекува да биде објавена вечерва, но, според нашите извори, таа е веќе потврдена. Инаку, Богдановиќ е претседател на Општинската организација на СДСМ, Центар, а беше назначен и за шеф на Изборниот штаб во Центар за локалните избори.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, синоќа соопшти дека Андреј Жерновски се откажал од кандидатурата, а кандидатот на СДСМ ќе биде објавен денеска.