дома Македонија САЈТОТ Е ВО ИЗРАБОТКА: Иванов си зaминa и од официјалниот сајт

САЈТОТ Е ВО ИЗРАБОТКА: Иванов си зaминa и од официјалниот сајт

Ekcпретседателот Ѓорге Иванов повеќе нe е претседател ниту на официјалниот сајт. Официјалниот сајт на Претседателот на државата е во изработка откако медиумите објавија дека на страницата до попладнево официјално како претседател сѐ уште стоеше името на Иванов, пренесува Плусинфо.

На сајтот до 15 часот не беше внесена промената за нов претседателот на државата, ниту каква и да е информација од вчерашната инаугурација на Стево Пендаровски и примопредавањето на функцијата меѓу него и Иванов. На сајтот последната инфомација до поладневните часови беше средбата на Иванов со Папата Франциск, а во категоријата инаугурација стоеше инаугурацијата на Иванов од 2014 година.

На официјалниот сајт засега пишува дека е во изработка, но стои и името на новиот претседател.