По бројните препреки во обидот за промена на полот од женски во машки, решителноста правдата да се бара пред меѓународниот суд во Стразбур, била неизбежна.
Покрај паричната казна од 9 илјади евра која земјава треба да му ја исплати на транс лицето за претрпениот стрес, од Колаицијата Маргини сметаат дека по денешната пресуда, земјата ќе треба да пристапи и кон сериозни измени на правата рамка. За побрза и попристапна постапа за признавање на родот, измените треба да почнат од законот за матична евиденција.
Бошкова потенцира дека ова е прва и засега единствена тужба покрената пред Европскиот суд за човекови права против Македонија, но во земјава има 10-тина активни процеси за промена на полот. Нивниот исход е неизвесен, но од Коалицијата Маргини се убедени дека денешната пресуда е охрабрувачки чекор напред.