дома Политика СЕЛА ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ МИНИСТЕРСКО МЕСТО: СДС и Заев без коалиционен партнер!

СЕЛА ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ МИНИСТЕРСКО МЕСТО: СДС и Заев без коалиционен партнер!

Зијадин Села и Алијансата за Албанците остануваат без министерството за здравство, по што се очекува коалициониот партнер на СДС да ја напушти владата, пренесуват порталите на албански јазик во земјава

На последниот состанок помеѓу владините партнери, донесена е одлука министерството за здравство да припадне на СДС, додека Алијансата за Албанците ќе остане без ниту едно министерско место. Засега нема официјална реакција од Алијансата за Албанците во врска со тоа дали ќе останат во владата или не, но според албанските медиуми останува Села и официјално да ја соопшти одлуката, иако Заев е спремен Села да ја напушти владата.

Средба помеѓу Села и Заев се очекува по враќањето од официјалната посета на Приштина во недела.