дома Занимливости СЕ МНОЖАТ : Јанева, Камчев и Боки 13 завршија во спот со...

СЕ МНОЖАТ : Јанева, Камчев и Боки 13 завршија во спот со „Се ќе биде океј“

По денешната објавена снимка од страна на италијанскиот весник, социјалните мрежи „вријат“ со реакции за содржината. Во еден дел од снимката се слуша и гласот на обвинителката Катица Јанева, која вели „Не се секирај, ќе биде се океј“, додека од другата страна на телефонот е Орце Камчев.

Токму оваа реченица беше повод за низа монтажи кои оддекнаа на социјалните мрежи, а меѓу која е и песната „Ќе биде се во ред“, која доби нов спот, овој пат во него главни актери се Катица Јанева, Боки 13 и Орце Камчев.

Вториот микс со гласот на Катица Јанева, а каде како придружен вокал се појавува Боки 13 со реченицата „Те поздрави женава“ е објавен под името „ХИТ 2019“.