дома Актуелно СЕ РАЗБУДИ ТЛОТО ВО СКОПЈЕ: Земјотрес во 1 часот и 30 минути...

СЕ РАЗБУДИ ТЛОТО ВО СКОПЈЕ: Земјотрес во 1 часот и 30 минути по полноќ во Скопје!

По цел ден поминат мирно, вечерва час и 32 минути по полноќ повторно се разбуди тлото во Скопје и предизвика земјотрес

Според Европската-Медитеранска сеизмичка опсерваторија, земјотресот бил со јачина од 3 степени  по Рихтер, на длабочина од  5километри , а епицентарот се наоѓал во близина на поплавените подрачја околу Црешево и Арачиново, поточно на 3 километри југозападно од Црешево и 6 километри североисточно од центарот на Скопје. Земјотресот се случи во точно 1:32 по полноќ.

 

Во последните 48 часа Скопје го тресе серија од неколку десетици земјотреси од кои најсилните беа 5.4 и 4.8 степени по Рихтер.,