дома Македонија СЕ РАЗГОВАРАЛО ЗА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕТКИ: Министерот Нуредини се сретна со новиот...

СЕ РАЗГОВАРАЛО ЗА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕТКИ: Министерот Нуредини се сретна со новиот директор на ЕБОР во Скопје

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска оствари работна средба со новоименуваниот директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје, Анди Аранитаси.

Како што соопшти МЖСПП, на средбата се разговарало за тековните проекти и степенот на нивната реализација.

Акцент бил ставен на понатамошното зајакнување на соработката со проекти од областа енергетска ефикасност и обовливи извори на енергија.