дома Социјални Мрежи “СИМОН ТРПЧЕВСКИ СУМ ГО ИЗБРИШАЛ КАКО ЧОВЕК И КАКО УМЕТНИК”: Тортевски до...

“СИМОН ТРПЧЕВСКИ СУМ ГО ИЗБРИШАЛ КАКО ЧОВЕК И КАКО УМЕТНИК”: Тортевски до пладне се мрзи себе, после пладне сите други

Никој не може да го оспори фактот дека Симон Трпчески е меѓународно истакнат и признат македонски класичен пијанист.

 

 

 

Тој е еден од најафирмираните македонски изведувачи и најдобриот македонски пијанист на сите времиња. И се беше добро и сите се фалеа со него, како наше национално богатство, додека тој не се побуни против нехуманите услови во кои работат културните работници, без греење среде зима. Неговиот глас кренат против работењето во такви услови, ги разбуди духовите на хејтерите, кои со погрдни зборови преку социјалните мрежи се обидуваат да го омаловажат и навредат овој голем светски и македонски уметник.

Еден од нив е адвокатот Александар Тортевски кој преку статус, побрза да обелдоени дека тој одамна го избришал Трпчески и како уметник и како човек.