дома Актуелно СИТЕ ПОВИКУВААТ НА ПРОТЕСТ: Социјалните мрежи вријат, сите се спремаат за вечерашниот...

СИТЕ ПОВИКУВААТ НА ПРОТЕСТ: Социјалните мрежи вријат, сите се спремаат за вечерашниот протест!

Многу граѓани, интелектуалци, луѓе во и надвор од политиката повикуваат на социјалните мрежи сите Македонци да се приклучат на вечерашниот протест пред Владата на Република Македонија во 20 часот, што го организира ВМРО-ДПМНЕ.

Да тргнеме во битка и да ја поразиме оваа ненародна влада, повикуваат тие.
„Реформите каскаат, додека власта ги враќа изборните долгови на штета на државата и граѓаните. Република Македонија оди во непосакуван правец. Остатоците од транзицијата со последни сили сакаат да ја остават државата во мрачниот период на минатиот век. Картелот сака да ја одржи ситуацијата на заробена држава и нефункционални институции, кои ги креираа за да ги штитат од санкцијата до која неминовно мора да дојде. ВМРО-ДПМНЕ ги поканува сите обесправени, сите оние разочарани и излажани од Зоран Заев и криминалниот картел кој го води на голем антивладин собир на 02 јуни во 20 часот пред зградата на владата на Република Македонија. Да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, што е и целта на овој протест.

Пренесуваме дел од повиците на социлјаните мрежи
Средба со следбениците во 20 часот пред Влада закажа и аналитичарот Александар Пандов.

Ако знаете какво е чувството на дедовците кога на своите внуци им раскажуваат за нивната борба за Македонија, застанете од правата страна на историјата, повика Никола Србов.

Непоправливите штети кои ѝ ги направи Заев на Македонија, нека бидат причината да го исвиркате, повика пратеникот Антонио Милошоски на социјалните мрежи.

Шефот на Кабинетот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Перински го повтори мотото на овој собир – Да кажеме НЕ за продажба на националните и државните интереси и целиот овој хаос кој што го прави СДСМ!

Почитувани, Ве повикувам на големиот сенароден протест во 20 часот пред Влада на Република Македонија да кажеме стоп за лошата политика на оваа нелегитимна Влада!
Нашиот народ, нашата младина која е столб во нашата држава, заслужува многу повеќе и многу подобро!
Да кажеме НЕ за продажба на националните и државните интереси и целиот овој хаос кој што го прави СДСМ!
#МакедонијаЌеПобеди

На 2 јуни да излеземе масовно на протест пред Владата и да го започнеме нејзиниот крај. Нејзиниот крај ќе биде нов почеток за Македонија, повика професорката Тања Каракамишева.

„Како и досега што сум повикувал, како и досега што сум мислел и натаму го мислам истото. Без разлика на тоа од најразлични собири кој ќе профитира политички, финансиски, не знам како. Без разлика на тоа кој организира, кој не организира. Без разлика на нашите лични мали кавги, големи кавги, амбиции, недоразбирања, несакања, сакања. Без разлика на нашите ситни кариеристички потреби, желби, без разлика на сите наши односи. Сите ние, настрана од тие мали работи, имаме голема задача, една голема задача. А тоа е, да го срушиме овој фашистички, нацистички, апартхејдски систем на власт поставен на власт минатата година – нелегално, незаконски, неуставно, со пуч со помош на странски намесник кој се вика Џес Бејли, а одработен од домашен квислинг кој се вика Зоран Заев“ – повика Миленко Неделковски во видео порака објавена на неговата ФБ страница.

По Миленко Неделковски, и новинарот и долгогодишен дописник на Македонската информативна агенција од Брисел Бобан Нонковиќ, со порака на својот ФБ профил ги повика сите Македонци утре да излезат на протестот, за да ја одбраниме државата од распродавање