Претседателот на управниот одбор, му дал тендер на членот на надзорниот одбор. Компанијата која ја води претседателот на надзорниот одбор на МЕПСО, кој одобрува доделување на тендери, добила тендер од МЕПСО за вклучување на интернет, покажуваат документите до кои стигна Економски Лидер.
Се работи за конфликт на интереси од највисок размер, ако се има предвид дека компанијата доделува огромна сума на лице кое е во нејзините управувачки органи. Излегува дека Черепналковски сам на себе си одобрил тендер, затоа што работата на надзорниот одбор е токму да ги следи и одобрува ваквите активности.
На документот се гледа дека се потпишани двајцата функционери на МЕПСО, едниот како претставник на давателот на услугата а другиот како претставник на државната компанија која е барател на услугата.
Ваквите активности порано беа санкционирани од анти-корупциската комисија, но, затоа што по доаѓањето на власта на СДСМ оваа институција не функционира, се остава простор за вакви коруптивни зделки во кои има конфликт на интереси.
Прилози:
Договор помеѓу МЕПСО и НЕОТЕЛ вреден 3,5 милиони денари – линк