дома Политика СКОПСКИОТ ВОДОВОД НОВ „БОНБОНА“ БИЗНИС: Шилегов и Заев ќе го продаваат скопски...

СКОПСКИОТ ВОДОВОД НОВ „БОНБОНА“ БИЗНИС: Шилегов и Заев ќе го продаваат скопски Водовод!

Лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев со својот партиски портпарол и кандидат за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, подготвуваат уште една матна зделка – пишува порталот Журнал.нет

Тие имаат план да го продадат ЈП Водовод и канализација на фирма од Австрија со мешовит сопственички состав. Кога ќе се погледне историјата на оваа фирма, станува јасно каква корист од оваа продажба ќе имаат Заев, Шилегов и нивните најблиски соработници.

Имено,еден од акционерите на фирмата во чии раце треба да остане скопски Водовод, е ЕДС на Кочо Анѓушев. Вицепремиерот откако седна во столчето до Заев во македонската Влада, веќе беше дел од низа скандали кои имаат за цел негово дополнително богатење.

Оваа зделка каде освен Заев, таен преговарач е и Шилегов, ќе биде дополнителен извор за лично богатење на овие тројца политичари.

Ако матната зделка се реализира, многу е можно цената на водата да биде поскапена и додека Заев, Шилегов и Анѓушев го зголемуваат и онака огромното свое богатство, за сметка на тоа да трпат и патат граѓаните.