дома Македонија СЛАБО ПОДДРШКАТА ЗА КАТИЦА: СДСМ мораше да ангажира автобуси и да дели...

СЛАБО ПОДДРШКАТА ЗА КАТИЦА: СДСМ мораше да ангажира автобуси и да дели кришки со ајвар за да донесе народ пред Собрание!

Десетици автобуси со кумановски и велешки таблици пристигнаа во Скопје. Се паркираа кај Олимписки базен и донесоа партиски активисти на СДСМ со цел протестот за поддршка на СЈО да не доживее фијаско.

Во Скопје денеска повторно се блокирани улици, граѓаните се револтирани, затоа што протестот се случува пред Собранието во време кога најголем број граѓани се враќаат дома од работа.

СДСМ/Сорос знаејќи дека протестот на „шарените револуционери“ ќе биде целосно фијаско, мораа да се ангажираат и да донесат партиски активисти од градовите во внатрешноста на Македонија. Па така 600-на хулигани, партиски активисти беа донесени во Скопје и го блокираа градот.

Од информациите на терен, мнозинството платеници воопшто не знаат зошто се донесени и која е целта. Единствено е тоа што ги гледаат нивните лидери на протестот, кои повторно уништуваат и оштетуваат јавни објекти и површини.

Инаку, протестот е предводен од  Љуми Беќири и Замир Мехмети, за кои јавноста е запознаена како вандалски се однесуваа кон објектите во главниот град, како и кон полицијата.

Дознаваме дека во општинските организации на СДСМ им делеле кришки со ајвар на оние кои тргнале со автобусите кон Скопје.