дома Социјални Мрежи СЛАБО ПОЛИЦИСКА ПЛАТА: Во македонската полиција работат хазардери, се почесто се коцкаат...

СЛАБО ПОЛИЦИСКА ПЛАТА: Во македонската полиција работат хазардери, се почесто се коцкаат во коцкарниците низ Македонија

Несекојдневна појава во македонските коцкарници. Како никогаш досега, џекпотите завршуваат во џебовите на полицајците. И токму кога помисливте дека текстот ѝ припаѓа на нашата рубрика Двоглед, доаѓа шлаканица од македонската полиција. Почитувани читатели, свесни сме дека во последнава година се изнагледавте и се изнаслушавте, а и на свој грб почувствувавте каков башибозлук ја запоседнал полицијата, но ова досега сигурно не сте го виделе.

Полицаец и полицајка седнати во коцкарница на автомати и играат за џекпот. Невидено, но за жал, во Македонија, далеку од ненормално.

Кога може полицијата да биде такси-служба за децата на вработените во МВР, кога може да апси веќеуапсени терористи, да паркира непрописно само затоа што е полиција, зошто да не можат полицајци во работно време да свртат една на автомат.