дома Македонија СЛАВЕВСКИ: Видовме што се случи со Тетекс, вештaчкoтo зголемување на минималната плата...

СЛАВЕВСКИ: Видовме што се случи со Тетекс, вештaчкoтo зголемување на минималната плата ќе остави илјадници без работа

Говорејќи за вештачкото зголемување на минималната плата во емисијата Топ Тема, професорот Трајко Славевски истакна дека ваквите мерки на владата на СДСМ може и ќе остават илјадници граѓани без работа. Како за пример тој го зема некогашниоте текстителн гигант Тетекс кој прогласи стечај пред неколку недели.

-Просечната плата во текстилната индустрија каде што работат неколку  десетици илјади вработени изнесува 15 илјади и 400 денари. И сега внимавајте каков апсурд е минималната плата на ниво на цела економија вклучително и текстилната индустрија ќе ги натерате да ја покалат на 16 илјади. Како може минималната плата да биде помала од просечната плата: На тие апсурди ние укажуваме. Тоа е оној проблем кој се создава, се затвараат погони. Видовме што се случи со текстилниот дел од Тетекс, фабрики низ источна Македонија, оние кои работат во дејности кои создаваат мала додадена вредност. Притисокот за платите надвор од она што е продуктивноста, може да остави без работа и ќе остави без работа голем број вработени, вели Славевски.