Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против К.К. (29) од Свети Николе и Н.Ц. (31) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на лични податоци”.
Пријавените, на четирите девојки им исплатиле по 600 денари а потоа им ги фотографирале и личните документи. Во текот на 2018 година, истите фотографии и лични податоци на четирите девојки од Охрид, без нивно знаење и нивна согласност, биле објавени на веб сајт, кој бил креиран за остварување контакти.
(фото – илустрација)