дома Балкан „Cлободата не се гacи со coлзaвец“:Големи пpoтecти во Цетиње

„Cлободата не се гacи со coлзaвец“:Големи пpoтecти во Цетиње

На Дворскиот плоштад на Цетиње почна граѓанскиот протест против „фашизација на црногорското општество“, соопшти организаторот, група граѓани од Цетиње.

На собирот присутни се и претставници на одредени опозициски партии и свештенство од канонски непризнаената Црногорска православна црква, објави РТЦГ.

Демонстрантите ги повикаа сите оние на кои на срце им е граѓанска, демократска, слободна, антифашистичка и секуларна Црна Гора да се соберат на Цетиње и да протестираат против сите оние кои минатиот викенд, како што велат, труеја со солзавец, тепаа со гумени куршуми и пендреци и гаѓаа со шок бомби.

Насобраните граѓани носеа транспаренти со следните пораки: „Слободата не се гаси со солзавец“, „Со срце за Цетиње“ и слично.

Полицијата веќе го обезбеди просторот околу Цетинскиот манастир, а околу Биљарда е поставена заштитна ограда.