дома Балкан СЛОВЕНИЈА ЛАНСИРАШЕ НОВ ПРОДУКТ: Од Севница излезе новата колекција папучи со име...

СЛОВЕНИЈА ЛАНСИРАШЕ НОВ ПРОДУКТ: Од Севница излезе новата колекција папучи со име „Белата Куќа“ во чест на Меланија!

Фабриката за папучи „Копитарна“ од Севница ги изненади купувачите со престижна линија на папучи наречени „Бела куќа“, со јасна алузија на Меланија Трамп, родена во тоа словенечко гратче. Словенечките медиуми пишуваат дека од „Копитарна“ тој ексклузивен модел и го испратиле на првата дама на САД, пренесува Хина


Колекцијата елегантни папучи во крем и виолетова боја ги креирала дизајнерката Маја Штамол. Еден примерок на папучите со украси и вистинско крзно е испратен во Њујорк на Меланија Трмп, со желба првата дама да ги користи во Белата куќа, наведува љубљанскиот неделник „Младина“.

Колецијата е изработена во ограничен број.