дома Локално СОВЕТНИКОТ АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ СО ЈАВЕН ПОВИК ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИ БАБА: Ве...

СОВЕТНИКОТ АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ СО ЈАВЕН ПОВИК ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИ БАБА: Ве повикувам на ТВ ДУЕЛ на кој сакате медиум да ги соочиме аргументите и фактите за граѓаните да ја дознаат вистината

Советникот во општина Гази Баба од редовите на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, јавно го повикува градоначалникот Борис Георгиевски на соочување на аргументите , со цел граѓаните на Општина Гази Баба да ја дознаат вистината за неспособноста на градоначаликот  и нереализирањето на ветените проекти, истакнува на својот фејсбук статус советникот Трајковски.

Интегрален текст од фб статусот на Александар Трајковски:
Веќе неколку пати го слушам градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски како својата неспособност за реализација на ветените проекти сака да ја префрли на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Општина Гази Баба иако вистината е сосема друга. Помина една година од мојот мандат како Советник и неговиот мандат како градоначалник и мислам дека време да паднат маските пред граѓаните и еве одлучив јавно, јасно и гласно:
Ајде градоначалниче Борис Георгиевски Ве повикувам на ТВ ДУЕЛ на кој сакате медиум да ги соочиме аргументите и фактите и граѓаните на Општина Гази Баба да ја дознаат вистината.
Ајде на телевизиско соочување Вие и јас, очи во очи!