дома Временска Прогноза Сончев и релативно топол викенд

Сончев и релативно топол викенд

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по котлините и речните долини со појава на слаба магла и ниска облачност, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

red-sunca-red-oblaka-posle-hladnog-jutra-lep-jesenji-dan-do-22-stepena

Температурата ќе се движи од 12 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Температурата ќе достигне до 13 степени.

Во наредните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла и ниска облачност, особено во ноќните и претпладневните часови.