дома Македонија Сојуз на македонските културни друштва Словенија: Да се зачува унитарноста и целовитоста...

Сојуз на македонските културни друштва Словенија: Да се зачува унитарноста и целовитоста на Уставот на Македонија

Сојузот на македонските културни друштва во Република Словенија е сериозно загрижена за случувањата во Македонија.

Оттаму испраќаат вонпартиски апел, за кој велат дека  пред се и над се е патриотски до граѓаните, институциите, Претседателот, сите политички партии и медиуми да сторат се што е во нивна моќ за да се зачува унитарноста и целовитоста на Уставот на Македонија.

Сојузот истакнува Република Македонија е единствена признаена држава на Македонците, македонскиот јазик, култура и други обележја, кои во ниту еден момент не смеат да бидат загрозени.