дома Свет Со нож убил 7 и ранил уште толку

Со нож убил 7 и ранил уште толку

Најмалку седум лица загинаа, а уште толку се повредени откако беа нападнати со нож во градот Каијуан, во кинеската провинција Лијаонинг.
Нападот се случил пред сауна, сторителот е уапсен, но се уште е непознат мотивот.


Во Кина е забрането поседување на огнено оружје, па масовните напади воглавно се извршуваат со нож или со рачно изработени експлозивни направи.

Во јуни припадник на училишно обезбедување со избоде најмалку 39 лица во градинка во регионот Гунагси, поради што е осуден на смрт.