дома Актуелно СРЕДБА ГРУЕВСКИ-ХАН: Условите за избори на 11-ти декември исполнети – Македонија да...

СРЕДБА ГРУЕВСКИ-ХАН: Условите за избори на 11-ти декември исполнети – Македонија да се фокусира на бегалската криза!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес оствари средба со Јоханес Хан, комесар за европска, соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија.

На средбата соговорниците разменија мислење за повеќе сфери и области вклучително актуелните политички случувања, темата со изборите и случувањата со мигрантската криза.

Соговорниците констатираа дека се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 11- ти декември.

Груевски посочи дека изборите се едиствениот начин за излез од политичката криза, а за веродостојноста на целокупниот процес и градењето на доверба потребен е ангажманот и придонесот на сите полиички субјекти.

Груевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ принципиелно се придржува и го дава својот придонес во исполнување на политичкиот договор постигнат меѓу партиите.

Соговорниците разговараа и за предизивците со мигрантската криза каде Реублика Македонија во досегашното справување даде значаен придонес, при што за понатамошни активности беше заклучено дека е потребно заедничко и координирање делување соглашно стратешките определби на Унијата.