дома Македонија ПЕШЕВСКИ: ВМРО-ДПМНЕ има тим кои знаат да ја водат државата во вистинска...

ПЕШЕВСКИ: ВМРО-ДПМНЕ има тим кои знаат да ја водат државата во вистинска насока

Секаде ќе видите дека во изминатиот период тимот на ВМРО-ДПМНЕ реализирал проекти кои се тешки за реализација. Многу влади претходно говореле за проекти, имало и подготовка, но реализацијата недостасувала. Не успеале да направат зони и да донесат големи инвестиции кои ќе оворат над 1000 работни места на нешто што било зелена ледина, сега имаме над 20, истакна на денешната панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ на тема 160.000 нови работни места, Владимир Пешевски вицепремиер за економски прашања.

-Правени се патишта, се гради автопатот Демир Капија – Смоквица. Таа е најскапа, најтешко е да обезбедите финансирање за неа и 30 години не била направена, ние 3 години имаме потрошено на тоа, ама ќе се направи. Лесно е да направите автопат од Скопје до Тетово на низина, направете од Кичево до Охрид, обезбедете средтсва за тоа, тука има многу финеси. ВМРО-ДПМНЕ има тим , има луѓе за тешки проекти кои знаат да ја водат државата во вистинска насока, посочи Пешевски.