дома Актуелно КОЈ ПИЕ ВИСКИ, КАТИЦА ИЛИ ФАТИМЕ? По неуспешната средба со Хан, Катица...

КОЈ ПИЕ ВИСКИ, КАТИЦА ИЛИ ФАТИМЕ? По неуспешната средба со Хан, Катица и тимот на чаша виски во еден елитен ресторан!

И како што налага СДСМ-овската традицја, по секоја неуспешна рунда преговори, плачење и молење крајот секогаш треба да се „залие“ со чаша квалитетно виски, на елитна локација по можност на периферијата на Скопје или покрај Вардар на свеж воздух

 

Денешната посета на евро-комесарот Јоханес Хан, која од страна на Катица беше искористена за плачање и молење, комесарот да изврши поголем притисок врз лидерите на партиите во Македонија со цел продолжување на нејзиниот мандат не вроди со плод, откако Али Ахмети јасно му предочи на Хан дека за таква операција нема време, и дека за да се оствари нешто такво ќе треба нови преговори.

Поразени од последните вести, Катица Јанева заедно со Фатиме Фетаи и останатите обвинители решија последните денови од кариерата како специјални обвинители да ги „залијат“ со виски, на луксузна локација во близина на реката Вардар.

Останува прашањето сепак, Фатиме пиеше виски или коњак?