дома Политика СРЕДБА НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД БУНДЕСТАГОТ СО ВМРО-ДПМНЕ: Лидерот на опозицијата Мицкоски се...

СРЕДБА НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД БУНДЕСТАГОТ СО ВМРО-ДПМНЕ: Лидерот на опозицијата Мицкоски се сретна со претставници на германскиот Бундестаг

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ д-р Христијан Мицкоски оствари средба со Делегација од Бундестагот на Сојузна Република Германија која беше предводена од Претседателот на Комисијата за европски прашања, Гунтер Крихбаум.

На средбата Мицкоски ги афирмираше ставовите на ВМРО-ДПМНЕ насочени за побрза интеграција на Република Македонија во Европската унија и НАТО. Истовремено Мицкоски нагласи дека Македонија мора да продолжи да ги продлабочува билатералните односи со СР Германија.

Мицкоски во разговорот се осврна и на внатрешни политички и економски теми. Тој нагласи дека неспособноста на актуелната влада да води добри економски политики ја донесе Македонија на европско дно по економски резултати.

Соговорниците се согласија дека поддршката на СР Германија во евро-интеграциските процеси се од големо значење за Република Македонија.