дома Политика Стојанче „керамида” не е спac од koрона kpизaтa, спacoт се остaвкитe на...

Стојанче „керамида” не е спac од koрона kpизaтa, спacoт се остaвкитe на Заев и Филипче и формирање на Влада за национален cпac

Главниот штаб со кој раководи Стојанче Ангелов попладнево ќе одржи прва седница за справување со Ковид-19.

Утрово директорот Ангелов преку Фејсбук побара помош, сугестии, идеи и совети од граѓаните за успешно справување со корона кризата.

Оваа одлука на Зоран Заев каде што го назначи Стојанче Ангелов за справување со кризата во државата, кој се уште не седнал на претседателската функција бара помош и идеи од граѓаните наиде на остра критика од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако излезот на земјата од Ковид кризата е Стојанче „керамида” и хоророт наречен Венко Филипче за кој што за жал над илјада и петстотини луѓе починаа последниве неколку месеци тоа е верувајте уште сега кажуваме сигурен рецепт за неуспех на Република Македонија. И од друга страна гледам денеска Стојанче Ангелов побарал совети за решение на Ковид кризата на социјалните мрежи, конкретно на Фејсбук бара совети и сугестии од граѓаните, еве јавно ќе му дадам една сугестија и еден совет на Ангелов како еден елемент со кој веднаш би почнала разврска и решавање на кризата, тоа е уште денеска да си дадат оставки и тој самиот и Венко Филипче, како и Зоран Заев и да се формира Влада за национален спас. Така да, ова е најдобриот совет што може да го чуе денеска и доколку му е дојдено до граѓаните и државата уште денеска може да го спроведе. Така да, да не си играат држава, туку да си дадат оставки, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.