Претседателот на политичката партија МААК Страшо Ангеловски, и Извршниот комитет на партијата повикаа Македонскиот народ да се сплоти и да се спротивстави на демонтажата на Македонскиот народ и држава од страна на режимот на власт
Соопштението го пренесуваме во целост:
„Почитувани пријатели,почитувани Македонци,
Ви го давам на прочит следниот
П О В И К
Со подмолната ноќна демонтажа на споменикот на Андон Ќосето,актуелната власт го започна најавениот процес за демонтажа на државата на македонскиот народ – Република Македонија.
Ние Македонците сме должни да се спротивставиме на ваквите антимакедонски дејанија.
Да се спротивставиме по секоја цена и на секаков начин.
Да се спротивставиме до целосно сопирање на обидите за демонтажа на нашата држава Република Македонија.
Токму затоа,Извршниот Комитет на МААК донесе одлука и официјално да го повика своето членство,симпатизерите и сите Македонци да дадат поддршка и да се придружат на протестот закажан за: 27 февруари (вторник) во 18.00 пред мисијата на ЕУ во Скопје.
Време е за бескомпромисен отпор,време е за решителна акција. Но,време е и за мудрост и претпазливост за да не се полнат затворите со македонски патриоти само заради нивната несебична љубов кон татковината.
ИК на МААК
Претседател
Страшо Ангеловски“