дома Балкан Студентски пpoтecти во Атина, пoлициjaтa peaгиpaше со coлзaвeц

Студентски пpoтecти во Атина, пoлициjaтa peaгиpaше со coлзaвeц

Грчките студенти се судрија со полицијата во центарот на Атина веднаш по запчнувањето на протестите во четвртокот, а користен беше и солзавец за да се разбие толпата која протестираше пред парламентот, јавуваат локалните медиуми.

Студентскиот марш започна од Атинскиот Универзитет, по што демонстрантите се упатија кон Парламентот, предизвикувајќи нереди во центарот на грчката претстолнина.

Стотици студенти, родители и професори бараат зголемување на наставниот кадар но и зголемено ниво на хигиена во јавниот образовен систем, со што ќе се овозможи да се формираат повеќе паралелки со помалку ученици како одговор на предизвикот со пандемијата.