дома Македонија СУДОТ ВО ЌУСТЕНДИЛ ГИ ЗАКОПА БУГАРИТЕ: Македонката Фросина Д. доби преведувач од...

СУДОТ ВО ЌУСТЕНДИЛ ГИ ЗАКОПА БУГАРИТЕ: Македонката Фросина Д. доби преведувач од бугарски

Реонскиот суд во Ќустендил со кој раководел судијата Чавдар Тодоров и одредил мерка притвор на 40-годишната државјанка на Македонија, извесна Фросина Д. Таа пред неколку дена со свој автомобил насилно влезе на територијата на Република Бугарија.

Против Фросина Д. се подигнати три обвиненија-за влегување преку границата на територијата на државата без одобрение, за противзаконско попртечување на органите на власта при исполнување на обврските и за нанесување значителна штета на службени автомобили на МВР по нарушување на сообраќајните правила.

Според пишувањето на 24 часа. бг, Фросина во текот на постапката не се произнела за делото и цело време не изговорила ни збор. Таа нема ни адреса за постојан престој во Бугарија.

Но, тоа што предизвикува внимание е информацијата дека на Фросина Д. судот и обезбедил и преведувач. Ваквио чекор на судот во Ќустендил, без разлика дали тоа е сторено на барање на обвинетата или, пак, на Судот, е во спротивност со негирањето на постоењето на македонскиот јазик или негово идентификување како регионална норма на бугарскиот, а во тој контекст и со обидите да се преименува во некаков северномакедонски бугарски јазик.