дома Занимливости Татјана Стојановска го прослави својот роденден – еве колку години наполни

Татјана Стојановска го прослави својот роденден – еве колку години наполни

ТВ презентерката Татјана Стојановска важи за една од најубавите лица на нашите мали екрани, а не ретко домашните медиуми знаат да и доделат разни епитети на сметка на убавината и тоа дека со годините зрее како добро вино.

За годините на жените не се дискутира, но кога дамата нема проблем со тоа, тогаш бројките се само бројки за покажување.

Имено, убавата и шармантна ТВ презентерка вчерашниот ден имаше повод за славење, односно таа го имаше својот посебен ден – роденден.

Најпрвин ја изненадија колегите од телевизија кои и го разубавија деност, а подоцна торта ја дочека дома од семејството.

Тортата не помина без свеќи од кои Тања јасно ги истакна своите 44 години.

Насмевката на нејзиното лице говори декаТања ќе памети уште еден прекрасен роденден разубавен од колегите и најсаканите, а секако не беа исклучени и лавината од честитки на социјалните мрежи.