дома Хроника ТЕПАЧКА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Тепачка вчера среде бел ден на кејот...

ТЕПАЧКА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Тепачка вчера среде бел ден на кејот кај ГТЦ, полицијата морала да интервенира

Вчера во 13.30 часот вработен од обезбедувањето во Градскиот трговски центар пријавил дека од страна на две непознати лица дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка.

Од страна на полициски службеници излезено било на местото на настанот при што било констатирано дека истиот ден околу 13.15 часот на улицата “Кеј 13-ти Ноември”, Ф.Д. (39) и Ј.М. (32) двајцата од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка.

Поднесени се два записника за констатиран прекршок.