дома Актуелно ТОДОРОВ: СДСМ ќе се обидат насилно, пред Велигден да го преземе...

ТОДОРОВ: СДСМ ќе се обидат насилно, пред Велигден да го преземе Собранието, тоа е воведување во хаос на државата

Има гласини дека СДСМ ќе се обидат насилно, пред Велигден да се преземе Собрание и тоа ќе биде една огромна глупост која може да ја направат, тоа е воведување во хаос на државата. Се надевам ќе се воздржат од било какви насилни обиди за преземање на Собранието. Се надевам дека такви идеи во СДСМ, нема да добијат одобрување, истакна Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во дневникот на ТВ24.

Тодоров вели дека доколку дојде во такво нешто, сигурно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има соодветен одговор.

-Нема да дозволиме СДСМ да ја силува државата и нема да дозволиме СДСМ на насилен начин преку кршење на Деловникот или Уставот и прописите во Македонија, да се обиде на задна врата да ја прошверцува Тиранската платформа, вели Тодоров.